Правила и услови

Политика на приватност предмет и прифаќање на политиката на приватност

Оваа политика на приватност, заедно со нејзините измени во времето е основата на која сите податоци, вклучувајќи и лични податоци кои ги собираме од вас или кои Вие ни ги доставувате, ќе бидат обработувани од нас. Ве молиме прочитајте ја оваа Политика на приватност внимателно. Ако не се согласувате со неа, Ве молиме немојте да продолжувате да го користите нашата веб страна и не ни доставувајте лични податоци. Со користење на нашата веб страна ќе се смета дека сте ја прифатиле нашата политика на приватност. Пред да ни доставите лични податоци (вклучувајќи e-mail адреса) преку нашата веб страна, од вас ќе биде јасно побарано да ја прифатите нашата политика на приватност. Со прифаќањето на  нашата политика на приватност, вие се согласувате дека ние ги собираме и обработуваме вашите лични податоци како што е опишано тука.

Ние го задржуваме правото да вршиме промени во секое време во нашата Политика на приватност преку објавување на променетите услови на нашата веб страна и без други пораки. Значителни промени ќе бидат дополнително соопштени на соодветен начин. Ве молиме не заборавајте да ја прегледувате Политиката за приватност редовно, бидејќи вашиот пристап или користење на веб страната, откако е објавена одредена променета Политика на приватност, ќе се смета дека ја има вашата согласност со политиката на приватност во верзијата, објавена на нашата веб страница во моментот на вашата соодветна посета.

UniComs се обврзува да ја вложува должната грижа и да одговара за заштита на информацијата за корисникот, која му е позната по повод на регистрацијата на корисниците, освен во случаите на случаен настан, виша сила, злонамерни дејства на трети лица или по наредба од државни органи или функционери, кои според важечкото законодавство се овластени да бараат и собираат таква информација и се предмет на законски утврдените процедури;

Во формуларот за регистрација, пополнета од страна на корисникот, UniComs ги означува задолжителните или незадолжителните полиња за доставување на личните податоци. Со изразување на согласност со оваа Политика за приватност, корисникот се согласува информацијата за него да биде обработена според предвидениот ред и цели во истата.

Ограничувањата согласно според горенаведениот текст не се применуваат во случај, кога корисникот или лица кои се под негова контрола ги прекршиле правата или законските интереси на трети лица или задолжителните правни норми. Во овој случај UniComs има право да достави лични информации за корисникот на компетентните државни органи, во согласност со важечките законски одредби.

Колачиња. Политиката за употреба на “колачиња”

За целите на оваа политика за употреба на колачиња следната информација ве молиме да биде земена во предвид: Колачето е мал текстуален податок, кој се снима на вашиот компјутер или мобилен уред и се повлекува од него при следни посети. Употребените колачиња се како постојани, така и привремени (сесијски колачиња). Постојаните колачиња се зачувуваат како датотека на вашиот компјутер или мобилен уред за период не подолг од 24 месеци. Користиме сесијски колачиња, кога ја користите функцијата за филтер на производите, за да провериме дали сте навлегле во системот или сте ставиле артикл во вашата корпа.

Употребата на колачиња е со цел за подобрување и олеснување на вашата посета. Не користиме колачиња за зачувување на лични информации или за откривање на информација на трети лица.

Бришењето на колачиња од вашиот компјутер или мобилен уред се случува преку користење на вашиот пребарувач. Упатствата за работа и бришење на колачиња се дадени во менито “Помош” во вашиот пребарувач. Можете да изберете да ги оневозможите колачињата или да примите известување секој пат кога ново колаче се испраќа до вашиот компјутер или мобилен уред. Забележете дека ако одлучите да ги деактивирате колачињата, нема да можете да ги користите предностите на сите функции.

Користиме колачиња за трети страни за собирање на статистички податоци во збиена форма преку алатки за анализа, како Google Analytics, GoogleAdwords, Facebook.

Основни одредби за користење на веб страната

Ние се обврзуваме податоците што ги добиваме и / или собираме од вас, да се обработуваат во согласност со важечкото законодавство и само за целите наведени во оваа политика на приватност.

Давањето на лични податоци е доброволно. Сепак без да ни дадете одредени податоци, вие не може да добиете услуга од нас или да купите производи од нас.

Кога ни давате лични податоци и / или информации за контакт, вие ни дозволувате да ве контактираме со цел за која сте ни ги дале овие лични податоци и информации за контакт и како што е опишано подолу. Такво поврзување може да вклучува контакт преку е-маил, кратки пораки (SMS), скокачки пораки и / или повик по телефон.

Ние не ја доверуваме, продаваме и не вршиме изнајмување, лиценцирање, префрлување итн. на нашата база на податоци, која содржи лични податоци на нашите клиенти, освен како што е наведено во општите услови.

Податоци за вас, кои ние може да ги собираме или обработуваме

Ние можеме да ги собираме и обработуваме следните основни податоци за Вас, така што го задржуваме вашето правото да ја повлечете согласноста или да побарате откажување на регистрацијата, како што е наведено подолу во соодветниот раздел на оваа политика на приватност:

  • податоци, кои ни ги давате кога ќе се регистрирате за една од нашите услуги или за да имате пристап до ограничени делови на нашата веб страна, или за време на процесот на купување, поконкретно име и презиме, е-маил, пол, датум на раѓање, адреса, платежна адреса за испорака и / или телефонски број;
  • информација, што ни ја давате, кога учествувате во натпревари или промоции спонзорирани или организирани од нас или од поврзано со нас лице;
  • информација, што ни ја давате кога се поврзувате со нас преку било каков вид на комуникација;
  • информација, што ни ја давате, ако одлучите да учествувате и да пополнувате анкети;
  • звучни записи на телефонски разговори со нашиот оддел за услуги на клиентите.
  • Други податоци: Можеме дополнително да ги собираме и обработуваме податоците како што е наведено подолу во оваа политика на приватност.

Цел на обработка на вашите податоци

Ние и поврзаните со нас компании, можеме да ги користиме вашите податоци за следниве цели:

  • Да ги исполнуваме своите обврски кои произлегуваат од секоја трансакција склучена помеѓу вас и нас;
  • Да ги чуваме нашите и вашите права и интереси;
  • Да ви нудиме трансакции, производи или услуги, кои можат да ве интересираат, како што е опишано подолу;
  • Да ја презентираме содржината на нашата веб страна на најефикасниот начин за вас;
  • Да го прилагодиме вашето идно пазарување;
  • Да вршиме пазарна анализа и статистичко истражување;
  • Да ви се обезбедат информации, производи или услуги кои сте ги побарале од нас;
  • Да ви испраќаме рекламни, комерцијални и информативни пораки на e-mail, регистрирана на корисничкиот профил, за контакти преку телефон со маркетингшка цел или во случај на истечени рокови во услуга / производ;
  • Да ви испраќаме известувања, вклучувајќи ги промените во нашиот сет на Општи услови.

Ние може дополнително да ги користиме информациите за вас, како што е дополнително наведено во Општите услови.

IP адреси и други параметри, обезбедени од вашиот веб прелистувач или апликација

Ние можеме да  собираме информации за вашиот уред,вклучувајќи ги и,ако се достапни, вашата IP адреса, оперативниот систем и тип прелистувач, и други параметри, доставени кога вашиот веб прелистувач или апликација остваруваат пристап до нашата веб страна.

Такви други параметри може да вклучуваат, но без да се ограничени до:

  • детали за вашите посети, на пример податоци за сообраќајот, податоците за локацијата и други комуникациски податоци и
  • ресурсите до кои имате пристап.

Можеме да ја користиме таквата информација:

  • за системска администрација;
  • за статистички цели (на пр. создавање на извештаи на заедничка база со статистички податоци за пребарувачки активности и модели на нашите посетители);
  • за заштита од измами, намалување на кредитниот ризик и други заштитни цели, на пример, ако однесувањето за користење или пристап до нашата веб страна од вас или од вашиот уред.

Можеме да ги користиме техничките податоци, кои ни се доставени од вашиот веб прелистувач или апликација, за да доставиме персонализирана реклама, вклучувајќи и користење на средства за таргетирање и ретаргетирање. Техничките податоци доставени од вашиот веб прелистувач или апликација, нема да се поврзуваат со личните податоци, кои може да ги имаме од Вас, и нема да се користат за ваше идентификување. Во случај на таргетирање, ние ќе ги искористиме таквите технички податоци за да Ви доставиме реклама, која врз основа на анализата од вашите претходни прегледи, може да бидат од одреден интерес за вас. Со примена на технологијата за ретаргетирање, имаме можност да им понудиме на корисниците, кои претходно ја посетиле нашата веб страна, наши реклами или реклами со наши производи, и кога таков корисник посети Вебсајт на трета страна, која е дел од истата рекламна мрежа. Оваа форма на маркетинг се спроведува на анонимна основа, што значи дека никакви лични податоци на било кој начин не се зачувани и никаков профил не се поврзува со Вашите лични податоци.

Билтени, пораки и известувања

Кога вие ни давате лични податоци и / или информации за контакт во нашата веб страна, вие се согласувате (про што имате право на одбивање или укинување на вашата согласност, согласно следниот дел), со тоа што ние може да ви испраќаме билтени, пораки и други известувања по пошта, електронска пошта, кратки пораки (SMS), скокачки пораки или по телефон. Таквите комуникации се испраќаат заедно со други, со или без човечка интервенција за целите на директен маркетинг или за рекламирање на слични производи или услуги понудени од UniComs.

Можете да ја одбиете или да ја откажете својата согласност да добивате билтени, пораки или известувања во секое време, преку поврзување со нашиот Оддел за услуги на клиентите преку податоците за контакт дадени на нашата веб страница.

Ние го задржуваме правото да избираме до кого да испраќаме билтени, пораки и / или известувања и да ги отстраниме од нашата база на податоци со клиенти или очекувани клиенти, сите кои имаат дадено согласност да добива билтени, пораки и / или известувања без каква и да била понатамошна обврска од страна на UniComs или дополнително известување.

Локација за складирање и обработка на податоци

Податоците кои ги собираме од вас може да се обработуваат, пренесуваат и / или се чуваат на локација во Република Македонија.

Откривање на ваши податоци

Податоците кои ги собираме од вас можат да бидат обработени од персонал кој работи за нас, за нашиот сопственик на капиталот, за компании контролирани од нас или од нашиот сопственик на капиталот или за трети лица, кои се наши добавувачи или кои се даватели на нашиот сопственик на капиталот или на други контролирани од него компании. Таков персонал може да е зафатен, освен другото, исто со одржување на веб-страница, извршувањето на вашата нарачка, обработката на деталите за Уплатата или обезбедување на услуги за одржување.

Ние можеме да ги откриваме и / или обезбедуваме вашите лични податоци за нашиот сопственик на капиталот и на компании контролирани од нас или од нашиот сопственик, што ги вклучува сите членови на групацијата од компании на UniComs, како и нашата директна, индиректна и крајна холдинг-компанија и нејзините подружници, во случај дека ќе се реорганизира начинот на кој ги нудиме услугите на нашите корисници, и таквото обезбедување или откривање на податоци се потребни за обезбедување или продолжување на обезбедувањето услуги на нашите корисници.

Ние можеме да ги откриваме вашите податоци пред трети лица добавувачи на услуги:

  • за да ги исполнуваме своите обврски што ги имаме кон вас, вклучително, не не и ограничено на испораката на нарачани производи по курир, испраќање на физичка пошта, e-mail, SMS или скокачки пораки;
  • услуги кои се обезбедуваат за нас, на нашиот сопственик на капиталот или компании контролирани од нас или нашиот сопственик, како анализа на податоци за маркетинг соработка, рекламни услуги, превод, обработка на уплата, логистика и услуги поврзани со услугите на клиентите, консалтинг, ревизија и правни услуги, или воопшто во врска со целите опишани во делот “цел на обработка на податоците за вас”. Таквото откривање е дозволено, под услов ако, таквите трети страни имаат потреба од пристап до податоците за да ги испорачаат своите услуги, но нема да имаат право да ги користат за други цели, особено за нивните сопствени внатрешни комерцијални цели.

Со цел идентификување и обработка на уплатата за трети лица, добавувачи на платежни услуги и за спречување на измами, може да се стави да откриеме некои ваши податоци (како име и презиме, земја на живеење, телефонски број и е-мејл адреса, како и број на нарачка и нарачани производи) на таква трета страна – снабдувач на платежни услуги.

Можеме дополнително да ги откриваме вашите податоци пред трети лица во согласност со барањата на применливото право:

  • во случај дека ние продаваме или купуваме даден бизнис или имот, во кој случај можеме да ги откриеме вашите лични податоци пред соодветниот потенцијален продавач или купувач на таков бизнис или имот;
  • ако друштвото кое управува со веб-страна или соодветно сите негови средства бидат стекнати од трето лице, во кој случај личните податоци обработени од него за неговите клиенти ќе бидат едни од транзитираните  средствата;
  • ако ние имаме обврска да ги откриеме или обезбедиме вашите лични податоци за да ја почитуваме дадената законска, регулаторна или судска обврска;
  • за да примениме или обезбедиме примена на нашите Општи услови за користење на сајтот, други договори, или за да ги заштитиме нашите права, сопственост или безбедност, како и оние на нашите клиенти или на други лица;
  • на друг начин.

Линкови до или од други веб-страни

Нашата веб-страна понекогаш може да содржи линкови до или од веб-страни на трети лица, на пример трети лица производители, рекламни дистрибутери, даватели на платежни услуги или платформи на социјални мрежи, како што се Facebook, Google или Twitter. Ако користете приклучок кон овие веб-страни,  Ве молиме имајте во предвид дека овие веб-страни имаат свои политики на приватност и дека ние не превземаме никаква одговорност за политиките на приватност или за практиките кои се применуваат од овие трети лица. Ве молиме проверете ги овие политики, пред да поднесете податоци на овие веб-страни.

Регистрација преку веб-сајт, сопственост на трето лице

Ние може да ви обезбедиме можност да се регистрирате преку веб-страница на трето лице, особено преку платформа на социјална мрежа како Facebook. Во таков случај, можете да кликнете на копчето “регистрирање преку (Facebook)” во формуларот за регистрација и да се пријавите кон веб-страница на тоа трето лице. Правејќи го тоа, вие ја давате вашата согласност за тоа дека вашите лични податоци (конкретно име, презиме, датум на раѓање, пол и мејл адреса) се земаат од оваа веб-страна на социјална мрежа и се испраќаат до нас. Ако се регистрирате преку таков сајт на трето лице , ве молиме имајте во предвид дека овие веб-страни имаат свои политики на приватност и дека ние не превземаме никаква одговорност или обврска за политиките на приватност или практиките кои се применуваат од трети лица. Ве молиме проверете ги овие политики, пред да се регистрирате на нашата веб страница преку таков веб-сајт од трето лице.

Пристап до информации и други права кои може да ги имате

Важечките закони ќе ви обезбедат права во врска со вашите лични податоци. Таквите права вклучуваат, но без да се ограничени на следново:

  • право да барате потврда од нас дали вашите лични податоци се обработуваат или не;
  • право да барате информации за статусот на обработката на вашите лични податоци;
  • право да барате информации за изворот од кој сме ги добиле вашите лични податоци за обработка;
  • правото на пристап до вашите лични податоци или да видите копија од личните податоци со кои ние располагаме во врска со вас;
  • правото да побарате исправка, ажурирање или дополнување на вашите податоци;
  • правото да ја откажете употребата на вашите лични податоци за маркетиншки цели;
  • правото да  ја откажете вашата согласност и / или да побарате поништување на регистрацијата и бришење од нашиот вебсајт, како што е опишано подолу во следниот дел за укинување на согласноста и поништување на регистрацијата;
  • правото за отстранување на вашите податоци од системот како што е опишано подолу во следниот дел за укинување на согласноста и поништување на регистрацијата.

Кога сакате да ги искористите предностите на тоа право, Ве молиме да, испратите свое барање во писмена форма (е-мејл или потпис и назначено датирано писмо) до Секторот за услуги на клиентите на адресата наведена на нашата веб страница.

Укинување на вашата согласност; поништување на регистрација; задржување на податоци

Вие може да ја повлече својата согласност со Општите услови и / или да побарате поништување на регистрацијата и бришење од нашиот вебсајт во секое време и без било каква такса за вас, како и да се поврзете со Секторот за услуги на клиентите во писмена форма (е-мејл е доволен) преку податоците за контакт дадени на нашата веб страница. Такво повлекување на согласноста нема да се применува на постоечките договори меѓу нас.

Во секој случај, ние можеме да ги задржиме податоците за период како што бара применливиот закон, вклучувајќи ги трговските, даночните или други закони за да ги одржуваме информациите поврзани со склучени договори.

Во случај дека помеѓу вас и нас не е склучена никаква трансакција пред вашето откажување или барање за поништување на регистрацијата, ние ќе ги отстраниме вашите податоци од системот, така што повеќе  нема да има  пристап до нив.

Безбедност на податоците

Ние се обврзуваме да воведеме соодветни технички и организациски мерки за да ја зачуваме безбедноста на вашите податоци и да имаме можност да ги почитуваме обврските предвидени во Општите услови и сите барања на применливиот закон.

Сите информации што ни ги давате, се чуваат во безбедни сервери. Сите платежни трансакции ќе бидат кодирани преку SSL технологија.

За жал,  преносот на информации преку интернет не е целосно заштитен. Меѓутоа ние ќе се потрудиме да ги заштитиме вашите лични податоци, ние не можеме да ја гарантираме безбедноста на вашите податоци пренесени до и од нашиот вебсајт. Секој пренос е на ваш сопствен ризик. Откако ќе ја добиеме вашата информација, ние ќе ги искористиме строгите процедури и мерки за безбедност за да се обидеме да спречиме неовластен пристап.

Ние не сме одговорни за нанесени штети, кои се надвор од нашата разумна контрола, вклучувајќи проблеми кои можат да ја загрозат безбедноста на серверите на кои се чуваат базите на податоци кои ги содржат личните податоци.

Кога сме ви доставиле (или кога сте избрале) лозинка која ви дава пристап до одредени делови на нашиот вебсајт, вие сте одговорни за чувањето на доверливоста на оваа лозинка. Ве молиме да не ја споделувате лозинка со никого. Вие (само и исклучиво) носите целосна одговорност за споделување на вашите податоци со трети лица.

Злоупотреба на лични податоци

Ние не превземаме никаква одговорност ако сте биле заведени од неовластени трети лица, кои се претставуваат себеси како претставници на UniComs. Кажете ни, ако дознаете за таквото однесување од страна на трето лице.

Контакт за прашања

contact-mk@myzano.info

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ0800 1 3456

Грешка

Грешка

Грешка